СКОПЈАНИ ОСТАНУВААТ И БЕЗ ПРИВАТНИЦИТЕ? Градот на приватните превозници им должи над еден милион евра

Се надевам дека целата оваа ситуација со јавниот градски превоз ќе се реши многу наскоро и „во пакет“ ќе се исплатат средства и за приватните автобуски превозници и за ЈСП „Скопје“ – дециден е Јовановски.

524

Откако два дена во утринските часови скопјани беа без превозот од ЈСП, а единствени кои ги превезуваа беа приватните автобуси, сега и тие најавуваат дека протест, затоа што Град Скопје им должи повеќе од еден милион евра.

Како што информираа од двата приватни превозници „Слобода превоз“ и „Макеспрес“, веќе три месеци не им се дадени пари, а три недели не им се исплаќаат ниту неделните аванси, па така Градот на „Слобода превоз“ му се должат 45 милиони денари, а на „Макеспрес“ 25 милиони денари.






– Чекаме да видиме на денешната седница дали ќе бидат предвидени пари и за нас. Не може на ЈСП Скопје да им се дадат пари само за нивните плати, мора да има и за нас во спротивно и ние нема да возиме. На ЈСП им се касни три дена, а нас ни каснат три месеци“, вели Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ за СДК.мк.

Тој потенцираше дека тие и покрај сите потешкотии со кои се соочуваат и понатаму ќе продолжат да превезуваат патници.

– Се надевам дека целата оваа ситуација со јавниот градски превоз ќе се реши многу наскоро и „во пакет“ ќе се исплатат средства и за приватните автобуски превозници и за ЈСП „Скопје“ – дециден е Јовановски.

Затоа што Градот им должеше пари за три месеци, приватните превозници не возеа во месец мај годинава.

Инаку, за потсетување со одлука во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски, приватните превозници, добиваат по едно евро за секој изминат километар за линиите на кои возат, па така скопјани со еден месечен билет може да се возат и во приватните и во автобусите на ЈСП Скопје.

Поврзани содржини