📽️ СКОПЈАНИ НАВАЛИЈА НАКАЈ ОХРИД Поголеми колони возила забележани на патот кон македонскиот бисер
Поголема фреквенција е забележана во делот од Гостивар спрема Стража, од Кичево кон преминот Пресека, како и во делот пред градот Охрид.
Од утрово колони возила може да се забележат и на автопатот Скопје-Охрид, каде што голем број наши граѓани се упатуваат да го поминат продолжениот викенд.
Според информациите кои Плусинфо ги има од терен колоните се движат со умерено темпо, бидејќи покрај големиот број автомобили, има и товарни возила и автобуси, па сообраќајот се одвива со брзина под дозволената.
Поголема фреквенција е забележана во делот од Гостивар спрема Стража, од Кичево кон преминот Пресека, како и во делот пред градот Охрид.
Од АМСМ информираат дека има поголем интензитет на возила, но дека сообраќајот се одвива нормално и по суви коловози.