СКОПЈАНЕЦ ПОЧИНА ВО СООБРАЌАЈКА Повредени се две жени и девојче

1,669
На 06.12.2024 во 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во село Булачани, скопско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.М.(66) од Скопје, и патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ц.(30) од село Црешево, скопско.

Во несреќата возачот З.М. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош каде околу 20.30 часот починал.

Со телесни повреди се здобиле Р.Ц., нејзината малолетна сопатничка и уште една сопатничка од возилото „даеву матиз“ С.М.(61) од село Булачани, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во  Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР.

Поврзани содржини