СКОПЈАНЕЦ МУ ПРОДАЛ НА МИГРАНТ ОД КАМЕРУН ФРАНЦУСКА ЛИЧНА КАРТА Платил 1.000 евра, го уапсиле на Табановце

Дополнителните проверки покажале дека мажот бил регистриран во Прифатниот центар Визбегово.

429

Дваесет и деветгодишен државјанин на Камерун бил уапсен на Граничниот премин Табановце откако се обидел да ја напушти државата со туѓа француска лична карта, која била евидентирана како предмет на потрага од Интерпол.

Инцидентот се случил на 25 јануари 2026 година во 18:12 часот, при излез од Македонија. При редовна гранична контрола, полициските службеници забележале сомнеж во документите што ги приложил П.М.Ф.Б. (29). По проверката било утврдено дека француската лична карта не му припаѓа нему и дека се води како предмет по кој трага Интерпол.






Дополнителните проверки покажале дека мажот бил регистриран во Прифатниот центар Визбегово. Тој пред полицијата изјавил дека спорната француска лична карта ја купил од лице од Скопје за сума од 1.000 евра.

По лишувањето од слобода, Камерунецот бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини