СКЕНДЕР РЕЏЕПИ ЌЕ БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ Ахмети го објави изборот на Европскиот фронт

215

Кандидат за градоначалник на Град Скопје од Европскиот фронт ќе биде Скендер Реџепи Зејд, пратеник и лидер на Народното движење.

Кандидатурата на Реџепи ја објави на својата Фејсбук страница лидерот на ДУИ Али Ахмети.






„По консултациите со лидерите на политичките партии кои ја сочинуваат Национална алијанса за интеграција, со целосно единство и со заедничка одлука, се договоривме дека наш кандидат за градоначалник на Скопје да биде Скендер Реџепи кој е претседател на политичката партија Народно движење. Дипломирал на Филозофскиот факултет, поседува долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество. Моментално е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, каде е глас на граѓаните, бранител на нивните права и застапник на длабоките политички и социјални реформи“, пишува во објавата Ахмети.

Тој додава дека Реџепи има долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество и дека е јасна алтернатива на Скопје, град кој заслужува еднаков развој.

„Националната алијанса за интеграција убедена е дека со Скендер Реџепи – Зејд, Скопје ќе има градоначалник кој ја знае реалноста, ги слуша граѓаните и работи за сите подеднакво“, истакна Ахмети.

Поврзани содржини