Скандалозни секс-снимки и слики со дрога од синот на Бајден објавени на интернет страница

7,746

Скандалозни, но непроверени снимки и фотографии од Хантер Бајден, синот на поранешниот американски потпретседател и сегашен претседателски кандидат Џо Бајден, беа објавени во неделата.

На снимките и фотографиите Хантер Бајден наводно консумира дрога, поточно крек и се впушта во сексуални активности со проститутка.






Особено интересно е што видеото, кое е компилација од експлицитни снимки и слики, со коментар за истите, го објави непознат корисник на кинеската страница ГТВ, која порано годинава беше основана од поранешниот шеф на предизборниот штаб и поранешен главен советник на претседателот Доналд Трамп, Стив Бенон, и кинескиот милијардер Гуо Венгуи, кој во 2014 побегна од Кина во САД поради обвинение за голем број кривични дела, претежно од финансиска природа. Гуо оттогаш се претставува како укажувач и дисидент, а очигледно е и дека станал близок соработник на сојузникот на Трамп и жестокиот критичар на кинескиот режим Стив Бенон. Во меѓувреме, ГТВ Медиа груп исто така се најде под истрага на ФБИ за сомнителни извори на финансирање.

Не е познато дали скандалозните снимки и фотографии потекнуваат од т.н. „лаптоп од пеколот“, како што Бенон и адвокатот на Трамп, Руди Џулијани, го опишаа компјутерот за кој тие тврдат дека им го предал сопственик на компјутерски сервис во Делавер, каде што наводно Хантер Бајден го оставил лаптопот на поправка, по што никогаш не се вратил да го земе.

 

Поврзани содржини