СКАНДАЛОТ СО ЕПСТИН ГО ТРЕСЕ И ПАРИЗ „Вашата забава, вашата дарежливост, вашиот авион…“

Нови документи откриваат преписка и благодарност за „величествена забава“, засилувајќи го притисокот врз поранешниот француски министер за култура кој моментално го води Институтот за арапски свет на Франција.

236

Скандалот се разгоре во Париз откако новообјавени документи отворија сериозни прашања за односите меѓу поранешниот француски министер за култура Џек Ланг и осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.

По објавата на досиејата Епстин во САД во кои е споменат, Ланг е под притисок да се повлече од функцијата претседател на Институт за арапски свет.






„Вашата забава, вашата дарежливост…“

Материјалите покажуваат дека Ланг и Епстин одржувале повремена преписка од 2012 до 2019 година. Во електронска порака од 7 април 2017 година, испратена речиси една деценија по пресудата за подведување малолетник, Ланг му се заблагодарил на Епстин за „величествената забава“.

„Вашето пријателство, вашиот неверојатен авион и вашата извонредна дарежливост навистина нè допреа“,  напишал Ланг.

Овие зборови директно се судираат со неговите јавни изјави дека Епштајн му бил само далечен познаник, страствен за уметност и филм.

„Чист како солза“

Француското Министерство за надворешни работи го покани Ланг на разговори. Извор близок до претседателот на Франција Емануел Макрон посочи дека и кабинетите на претседателот и премиерот побарале од надлежните министри да го охрабрат Ланг да размисли за доброто на институцијата што ја води од 2013 година.

Ланг, кој бил министер за култура и образование од 1981 до 2002 година, не е обвинет за кривично дело. Тој јавно тврди дека не се плаши од ништо и дека е „чист како солза“.

600 спомнувања на министерот Ланг

Името на Ланг се појавува повеќе од 600 пати во документите поврзани со Епстин. Објавувањето ги оживеа и глобалните врски на финансиерот со влијателни личности, меѓу кои и Ендру Маунтбатен-Виндзор и Питер Манделсон.

Скандалот ја допре и фамилијата на Ланг. Неговата ќерка Каролина, поднесе оставка од функцијата шеф на Француската унија на независни продуценти поради сопствени контакти со Епстин. Таа изјави дека за неговата пресуда дознала дури во 2014 година.

Поврзани содржини