Ситите пратеници не се брзаат да им помогнат на фирмите нагризани од ковид кризата

Елми Азири, пратеник од Алијанса за Албанците кој е член на Комисијата за финансирање и буџет вели дека Коалицијата Алијанса и Алтернатива е принудена преку недемократски чекори да води парламентарна битка за правата на своите граѓани затоа што ВМРО-ДПМНЕ го блокира предлогот за Законот за државјанство со 600 амандмани.

414

Пратениците не се одѕваа на апелот од вицепремиерот Фатмир Бетиќи да ги прекинат блокадите на законодавниот дом за да се донесат законите од последниот економски сет антикризни мерки и продолжуваат да туркаат партиски агенди среде пандемија, додека компаниите чекаат помош од државата.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, вели дека пакетот антикризни мерки е блокиран од владеjачкото мнозинство, а не од опозицијата. Муцунски е и претседател на собраниската Комисија за финансирање и буџет и според него економските анти-ковид мерки од петтиот пакет на Владата ќе се изгласаат дури во април, затоа што на дневен ред во Собранието се нашле на 23 март.






Економските мерки за помош на компаниите, според Битиќи се доставени до Собранието во форма на закони на 16 февруари годинава.

– Собранието ќе може да ја отпочне постапката за носење на тие закони дури на седницата закажана за 23.3.2021, бидејќи тогаш се ставени како точки на дневен ред од страна на парламентарното мнозинство. По таа динамика тие мерки би се изгласале најрано на 1 април 2021 – вели Муцунски.

Тој смета дека Собранието треба со забрзана динамика да ги донесе овие закони уште следната недела и затоа утрово ги повика колегите пратеници од мнозинството да го одблокираат парламенот.

Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на СДСМ вели дека во секое време претседателот на Комисијата за финансирање и буџет може да закаже седница.

– Пратениците на мнозинството се тука. Жално е што од нивните лаги трпат граѓаните и државата – вели Митрески за Плусинфо.

Тој ги негира тврдењата на Муцунски дека владејачкото мнозинство е виновно за блокадата на петтиот пакет антикризни мерки.

– Незакажувања на комисии, одложувања на комисии како што е Комисијата за финансирање и буџет која ја води претседател од опозицијата не може со ништо да го оправдаат. Станува збор за закони кои влегле во процедура од месец октомври, значи пред пет месеци, а сѐ уште не го поминале комисискиот филтер, на пример законот за задолжување за модернизација во земјоделството и изградба на откупни пунктови, законот за нов автобуски превоз во Скопје итн. Кога гледаат дека граѓаните бурно реагираат вината ја префрлаат на мнозинството. Тоа нема никаква врска со реалноста – вели Митрески.

Елми Азири, пратеник од Алијанса за Албанците кој е член на Комисијата за финансирање и буџет вели дека Коалицијата Алијанса и Алтернатива е принудена преку недемократски чекори, да води парламентарна битка за правата на своите граѓани.

Тој потсетува дека нивните пратеници ги гласале сите закони за антикризните мерки, но откако ВМРО-ДПМНЕ го блокира предлогот за Законот за државјанство со 600 амандмани, од тогаш Коалицијата најави дека ќе блокира во парламентот без разлика за каков закон ѝ да станува збор.

– Нашата колација беше максимално конструктивна при донесувањето на сите антикризни мерки поради пандемијата од ковид-19, ги гласавме сите досега, но сега сме принудени на реципроцитет. Ако тие ги блокираат нашите предлози, како што беше предлоот за Законот за државјанство, тогаш и ние ќе блокираме. Ако тие се повикуваат на лошата материјална состојба на граѓаните поради ковид кризата, тогаш и ние се повикуваме на уште полошата состојбба на нашите граѓани кои и по 30 години живот во Македонија не се ни на небо, ни на земја, не можат да ги остварат основните човекови права. Ние како пратеници, а и нашите граѓани се најзапоставени и сега сме принудени да блокираме – вели Азири.

Тој за Плусинфо објаснува дека блокадата на последниот пакет антикризни мерки е последица на однесувањето, односно на блокадата на ВМРО-ДПМНЕ на предложениот Закон за државјанство.

– Навистина бевме многу изненадени од блокадата на нашиот предлог закон, не ни беше јасно зошто го прават тоа, кога има комисиска расправа. Предлогот имаше 14 амандмани, по десет минути за секој предлог, расправата ќе завршеше во еден ден. Недемократски е да се блокира дебата, требаше да дозволат предогот да дојде на Комисија, па ако сакаа можеа да ги кажат сите негови недостатоци, па и да не го изгласаа, со дебата ќе покажеа демократски капацитет, ама тие решија да блокираат, иако ние гласавме и за Законот за попис, девет гласа беа од нашата коалиција – вели Азири.

И претседателот на Алтернатива, Африм Гаши најави дека ќе го блокираат секој друг закон, бидејќи според него ниту еден закон не е побитен, отколку реализацијата на човечкото право во земјава.

Поврзани содржини