СИТЕ СЕКРЕТАРКИ, ГОТВАЧИ И ГОТВАЧКИ ДОЈДОА ДА ГО ВИДАТ НОЛЕ Вучиќ го прими Ѓоковиќ во својот кабинет

3,489

Српскиот претседател Александар Вучиќ во својот кабинет го прими најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, што привлече огромен интерес од тамошните медиуми.

– Никогаш претходно не се случило сите секретарки, сите готвачи и готвачки да дојдат тука за да го видат Ѓоковиќ – порача Вучиќ, алудирајќи дека во неговиот кабинет гостувале бројни моќници од светот, во прв ред поранешната канцеларка на Германија, Ангела Меркел.






Вучиќ му се заблагодари на Новак за неговата борба на теренот, но и за сè она што го прави и во секојдневниот живот. Тој откри и дека му се јавил додека траеше сагата околу неговиот настап на Австралија опен, советувајќи го веднаш да се врати дома.

Српскиот претседател истакна дека е подготвен да му помогне на Ѓоковиќ да организира повеќе турнири.

– Подготвени сме да ти помогнеме околу организацијата на што е можно повеќе турнир – додаде Вучиќ.

Поврзани содржини