СИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ОХРИД СЕ ПРОТИВ ПРЕПОРАКИТЕ НА УНЕСКО Бернската конвенција бара да се прекине со градежната дејност

Бернската конвенција минатата недела го објавила извештајот од првиот состанок на Бирото на Конвенцијата во 2022 година, на кој се разгледувал и новоотворениот случај против Северна Македонија за заканите врз Охридското Езеро и Националниот парк „Галичица“.

191

Бернската конвенција изразила загриженост за проблемите во Охридскиот регион и побарала македонските власти да прекинат со сите активности сè додека не дојде на терен планираната мисија, на која ќе и се приклучат и претставници на УНЕСКО и Рамсарската конвенција, соопшти денеска еколошкото здружение Фронт 21/42.

Според соопштението, Бернската конвенција минатата недела го објавила извештајот од првиот состанок на Бирото на Конвенцијата во 2022 година, на кој се разгледувал и новоотворениот случај против Северна Македонија за заканите врз Охридското Езеро и Националниот парк „Галичица“.






– Бирото посебно ги истакнува дивоградбите, нацрт измените на Законот за урбанистичко планирање, нацрт-законот за Студенчишко блато, плановите за понатамошна урбанизација во регионот, Коридор 8 и последните стратегии, како стратегијата за развој на туризмот во Општина Охрид – опоменувајќи ја власта дека речиси сите активности кои ги спроведува се спротивни на препораките на УНЕСКО – стои во соопштенито.

Поврзани содржини