СИТЕ 5 ПАЦИЕНТИ ВО СОЛУН СЕ ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА Таравари ѝ се заблагодари на Грција

Во болницата „Папаниколау“ се хоспитализирани 3 лица, а во Воената болница уште двајца повредени, сите со тешки изгореници.

96

Сите 5 пациенти, примени во болниците во Солун, се во стабилна состојба, објави министерот за здравство, Арбен Таравари, кој заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изутринава беа во посета на повредените од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во болницата „Папаниколау“ и во Воената болница во Солун.

Во болницата „Папаниколау“ се хоспитализирани 3 лица, а во Воената болница уште двајца повредени, сите со тешки изгореници.






„Денеска во раните утрински часови, заедно со министерот за надворешни работи г. Тимчо Муцунски, и со д-р Илир Вела дојдовме во Солун за да ја видаме состојбата на пациентите, хоспитализирани овде. Само што излеговме од Општата болница ‘Папаниколау’ и од Воената Болница во Солун, сите 5 пациенти, примени во овие болница, се во стабилна состојба! Им благодарам на нашите колеги во Солун, грчкиот народ и на Владата за нивната посветеност и помош! Ќе ве информираме за другите пациенти!“, напиша Таравари на социјалната мрежа Фејсбук.

Дописничката на МИА од Грција претходно јави дека Таравари и Муцунски за време на посетата на повредените во Солун беа придружувани од грчкиот заменик-министер за внатрешни работи, Костас Јулекас, надлежен за областите Македонија и Тракија и од заменик-министерот за надворешни работи, Тасос Хаѕивасилиу.

Поврзани содржини