СИНОТ НА ОСАМА БИН ЛАДЕН Е ДЕПОРТИРАН ОД ФРАНЦИЈА Омар го величал тероризмот

Поради административната забрана, на синот на Осама бин Ладен му е забрането да се врати во Франција.

268

Синот на основачот на терористичката организација Ал Каеда, Омар бин Ладен, е депортиран од Франција и му е забрането да се врати во земјата откако на социјалните мрежи објавил коментари што се сметаат за величање на тероризмот.

Омар бин Ладен со години живееше во Нормандија и се занимаваше со сликарство.






– Господинот Бин Ладен, кој неколку години живееше во регионот Орне, како сопружник на британска државјанка, минатата година објави коментари на социјални мрежи во кои го велича тероризмот – објави францускиот министер за внатрешни работи, Бруно Ретај, на социјалната мрежа Икс.

Поради административната забрана, на синот на Осама бин Ладен му е забрането да се врати во Франција.

Поврзани содржини