Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Чехот Јиржи Лехечка синоќа во финалето на Мастерсот во Мајами. Мечот траеше 1 час и 34 минути и заврши со резултат 6:4 и 6:4.
Дваесет и четиригодишниот Синер (рангиран број 2 во светот) сервираше 10 аса, направи една двојна грешка и реализираше две од 11 брејк топки.
Неговиот 24-годишен противник (рангиран број 22 во светот) сервираше пет аса, не направи ниту една двојна грешка и не реализираше ниту една од трите брејк топки.
Ова беше 26-та титула во кариерата на Синер и неговата седма во категоријата АТП 1000. Тој го комплетираше „сончевиот дабл“ со освојување на Индијан Велс и Мајами Опен во истата година.
Лехечка го играше своето прво финале на Мастерс 1000 турнирите.