Синдикатот пресмета: 32.915 денари се потребни за покривање на основните месечни потреби

Најмалку пари остануваат за да се задоволат потребите за здравствени потреби и за културни активности.

379

На едно четиричлено семејство во февруари му биле потребни 32.915 денари за да ги задоволни минималните основни месечни потреби.

Според податоците што ги објавува Сојузот на синдикати за вредноста на минималната синдикална кошница, најмногу пари месечно одат за исхрана и пијалоци односно на едно семејство му се потребни 13.765 денари, по што следуваат трошоците за домување – 10.441 денар.






Исхраната и пијалоците учествуваат со 41, 82 проценти во вкупната минимална кошница, а режиските трошоци со 31,72 проценти. Минималните трошоци за хигиена во февруари изнесувале 2.345 денари, трошоците за превоз 2.447 денари, а за облека и обувки 2.142 денари.

Најмалку пари остануваат за да се задоволат потребите за здравствени потреби и за културни активности.

Поврзани содржини