Синдикатот на УПОЗ одбележа 30 години активност
Синдикатот на УПОЗ со своето дејствување, како што наведе Грујовски, постигна комплетни резултати и се избори да се укинат повеќе пакет мерки на Владата кои се однесуваат на намалувањето на голем број работни места во јавната администрација, да нема прогласување технолошки вишок и принудни одмори.
Синдикатот на Управата на правосудните органи и здруженијата денеска прослави 30 години од основањето. Претседателот на УПОЗ, Пецо Грујоски во својот говор пред присутните гости истакна дека во Синдикатот денес се здружени 110 синдикални организации во кои вработените се зачленуваат слободно, доброволно и врз сопствено убедување без разлика на политичките и религиозните убедувања, националната, етничката, расната припадност, пол, возраст, здравствена состојба и социјално потекло.
– На планот на економско социјалните прашања Синдиактот на УПОЗ во сиот овој изминат период беше и се ангажираше за имплементирање на проекти и законскии решенија кои ќе бидат во интерес на подобрување на материјално социјалната положба и животниот стандард на своето членство – рече Грујовски.
Синдикатот на УПОЗ со своето дејствување, како што наведе Грујовски, постигна комплетни резултати и се избори да се укинат повеќе пакет мерки на Владата кои се однесуваат на намалувањето на голем број работни места во јавната администрација, да нема прогласување технолошки вишок и принудни одмори.
– Беше против најавениот трансфер на високо вработени во јавниот и приватниот сектор сметавме дека во многу институции во државата и локалната самоуправа не само што нема вишок на вработен, туку има и потреба и од нови вработувања што го констатираше и Владата – изјави Грујовски.
Министерот за правда Бојан Маричиќ, по повоод јубилејот 30 години Синдикат на УПОЗ, во својот говор ја потврди силната заложба на Владата и Министерството за правда да бидат стабилен партнер во социјалниот дијалог со Синдикатот на УПОЗ, со цел подобрување на животниот стандард на работниците.
– Низ годините постоеле ситуации кога Владата и Синдикатот се нашле на различни страни, но стремежот наш отсекогаш бил и ќе биде да има партнерски однос со синдикатите. Дури и кога не се согласуваме за одредени работи, успеваме низ конструктивен и искрен дијалог да дојдеме до заедничко решение и да постигнуваме договори, бидејќи интересите на работниците треба да се на прво место – кажа Маричиќ во своето обраќање.