СИМПАТИЗЕРИТЕ НА СДСМ ВО ЦЕНТАР ПУШТЕНИ НИЗ ВОДА?! Саша Богдановиќ жестоко го нападна Горан Герасимовски
Ги пушти низ вода сите од СДСМ што гласаа за него во прв круг. Не е ни чудо, и претходно менуваше партии, реагира поранешниот градоначалник на Центар од СДСМ, Саша Богдановиќ, на изјавата на партискиот кандидат Горан Герасимовски дека во првиот круг од локалните избори центарци гласале за личност, а не за политика.
Чекам денес да се јават сите душегрижници кои коси кубеа за Горан како голем сдсмовец. Истите ги пушти низ вода, а посебно подржувачите, членовите и симпатизерите на СДСМ во Центар, реагира денеска поранешниот градоначалник на Центар од СДСМ, Саша Богдановиќ, на изјавата на партискиот кандидат Горан Герасимовски дека во првиот круг од локалните избори центарци гласале за личност, а не за политика.
„Ги пушти низ вода сите од СДСМ што гласаа за него во прв круг. Не е ни чудо, и претходно менуваше партии. А тоа го покажуваат и бројките за листата за Град Скопје и кандидатот Каја Шукова. Од машинерија направи моторкултиватор. И тоа само со единствена негова цел и интерес“, реагира Богдановиќ.