СИЛНА КАМПАЊА ПРОТИВ ЃОКОВИЌ Тенисерот бил во контакт со заразен од ковид-19, не му бега дисквалификација?
Новинарот Бен Ротенберг, кој „го мрази Новак Ѓоковиќ“ смета дека Србинот треба да биде дисквалификуван од Ус Опен турнирот, оти бил во контакт со тенисерката Олга Даниловиќ, која можеби е заразена со ковид-19.
Новинарот на Њујорк тајмс, Бен Ротенберг, кој е познат како еден од најголемите противницни на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, предвидува нова дисквалификација на Србинот од турнирот Ус Опен оти бил во контакт со заразен од ковид-19.
Тој тврди дека Ѓоковиќ имал контакт со тенисерката Олга Даниловиќ, која вчера се повлече од Гренд слемот поради болест, но не поради вирусот ковид-19.
Ротенберг на Твитер напиша дека ситуацијата е слична со таа на Жил Симон кој поради контакт со заразено лице мораше да го напушти турнирот во Њујорк. Официјално сè уште нема никаква информација освен дека поради медицински причини Даниловиќ мораше да се предаде против Осака, но никаде не беше наведено дека се работи за коронавирусот.
„Повлекувањето на Даниловиќ е наведено дека е направено поради медицински причини. Чекаме натамошни објаснувања, но вреди да се спомне дека истото беше искористено и за Жил Симон кој имал контакт со заразено лице. Ако е тоа случај, веднаш човек се прашува дали истото може да биде случај и со Ѓоковиќ“, напиша Бен Ротенберг.
Сепак, засега нема најави од организаторот дека би можело да следува вакво сценарио, па изгледа дека нема ни сериозна опасност за српскиот тенисер.