СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА СРУШИ ЗГРАДА ВО РИМ Една жена е извлечена од урнатините

Експлозијата се случила утрово нешто пред 09:00 часот. Според изјавите на очевидци, непосредно пред уривањето, се слушнал силен татнеж „како бомба“ и силен мирис на гас како се шири низ областа.

380

Силна експлозија уништи зграда на улицата Вителија во областа Монтеверде во Рим, пишуваат италијанските медиуми.

Експлозијата се случила утрово нешто пред 09:00 часот. Според изјавите на очевидци, непосредно пред уривањето, се слушнал силен татнеж „како бомба“ и силен мирис на гас како се шири низ областа.






На местото на инцидентот пристигнале карабинерите, полицијата и пожарникарите. Тие извлекоа жена од урнатините. Се претпоставува дека нема други закопани.

Во моментов се води истрага за причините за инцидентот, при што се претпоставува дека се работи за експлозија на плинска боца. Целата област е опколена од полицијата.

Поврзани содржини