СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА Потресот ги вознемири жителите на Козан
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри, на локација на 20 километри од градот Козан, каде живеат околу 88.000 жители.
Утрово во 7 часот и 44 минути Турција ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти ЕМСЦ.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри, на локација на 20 километри од градот Козан, каде живеат околу 88.000 жители.
Жителите на Турција на веб-страницата на ЕМСЦ наведуваат дека земјотресот траел прилично долго, приближно 15 секунди и дека зградите и куќите се нишале.
Засега нема извештаи за жртви или значителна материјална штета.