СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ТУРЦИЈА Епицентарот во веќе разурнатата област во Малатија

Малатија е една од 11-те турски провинции кои на 6 февруари беа погодени од два земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер.

147

Силен земјотрес утрово ја погоди провинцијата Малатија во Турција, која веќе беше разурната при силните земјотреси во февруари.

Иако првично беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од пет степени според Рихтеровата скала, ЕМСЦ наведува дека е регистриран со јачина од 4,7 степени.






Земјотресот е регистриран на длабочина од седум километри. Сѐ уште нема информации за евентуална штетата.

Потсетуваме дека Малатија е една од 11-те турски провинции кои на 6 февруари беа погодени од два земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер. Околу 14 милиони луѓе во Турција беа погодени од тие земјотреси, а настрадаа и голем број луѓе во северниот дел на Сирија.

Поврзани содржини