Пратеничката Гордана Силјановска на продолжението на конситутивната седница на Собранието откако реагираше дека тоа се конституира со избор на претседател и откако ги искажа своите процедурални забелешки за денешната седница му забележа на досегашниот претсeдател Талат Џафери дека мекиците не би требало да бидат причина за одлагање на седницата.
– Ви честитам за внукот, но ако може мајките да поминат без мекци, тоа не може да биде причина за одложување на седницата, тогаш може и без дедото – рече Силјановска.
На почеткот на конститутивната седница, пратеничката Силјановска побара доколку Талат Џафери е предлог за претседател на Собранието, седницата да ја води некој од замениците.
– Процедурата е гаранција за демократија, претседавачот треба да се однесува како претседател, но со оглед на фактот што вие сте предложен за претседател, ќе треба да одредите некој од вашите заменици да ја води седницата – му рече Силјановска на Џафери.
Таа истакна дека Собранието се конституира со избор на претседател и у забележа на Џафери што за денешната седница праениците биле информирани од медиумите.
– Мислам дека и претседавачот треба да води сметка за Деловникот и не е ексклузивен во диктирање на условите. Не може да ги откажува и закажува кога сака – додаде Силјановска.