СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ВОДИ СО 100.000 ГЛАСОВИ ПРЕД ПЕНДАРОВСКИ Трет е Османи, зад него е Таравари

Силјановска Давкова има освоено 197.741 гласови, додека, пак, Пендаровски има освоено 97.592 гласови.

351

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 2.091 од вкупно 3.508 избирачки места (59%) води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 37,80% од гласовите, пред Стево Пендаровски од СДСМ со 18,66% од гласовите.

Силјановска Давкова има освоено 197.741 гласови, додека, пак, Пендаровски има освоено 97.592 гласови.






Разликата помеѓу нив двајца е над 100.000 гласови.

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 15,63% од гласовите, Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 11,39%, Максим Димитриевски од ЗНАМ – 8,09 %, Билјана Ванковска поддржана од Левица има 4,49% и Стевчо Јакимовски од ГРОМ – 0,96%.

Поврзани содржини