Силјановска-Давкова: Ние сме единствениот народ кој се идентификувал со името Македонија

888

 

Во Грција се до 1988 година ништо не се викаше Македонија, како забрана да имаа за тој збор, рече професорката Гордана Силјановска Давкова, носителка на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Изборна единица 1при денешната средба со жителите на општина Центар.






– Тие може да си имаат регионален идентитет, но немаат национален идентитет. Ако толку им значела Македонија уште во 1830 ќе го зеле или ќе ставеле придавка во името, ама не го направиле тоа. Единствен народ што го ставил во името, се идентификувал, сме ние – вели Силјановска Давкова. 

Поврзани содржини