СИ ПРАВЕЛ БАЈРАМ НА СЛУЖБЕНАТА КАРТИЧКА За 4 месеци министерот Бајрами спискал скоро 4.000 евра по кафеани, обвини пратеникот Петрушевски

За 4 месеци колку што Наим Бајрами бил министер во МИОА на службената картичка успеал да направи долг од цели 231.729 денари, обвини денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

1,018

Пример за аздисано трошење е министерот Наим Бајрами, кој беше министер во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) од 01.02.2024 година до 01.06.2024 година. За 4 месеци колку што Наим Бајрами бил министер во МИОА на службената картичка успеал да направи долг од цели 231.729 денари, обвини денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– Бајрами потрошил за 4 месеци на кафеани, јадење и пиење преку службена картичка, колку што еден граѓанин со минимална плата заработува за цела година. Како СДСМ и ДУИ правдаат што нивен функционер за само 4 месеци на кафеани потрошил колку што еден граѓанин троши за една година, и тоа за живот и преживување? Со кое лице СДСМ и ДУИ и Наим Бајрами ќе ги погледнат граѓаните и како ќе им кажат дека за 4 месеци еден човек потрошил во кафеани колку тие за живот на нивното семејство за една година – рече Петрушевски и најави дека во следните денови ќе објави детали како овој функционер ги трошел народните пари.

Поврзани содржини