Сијарто: Да беше до Унгарија, Македонија ќе почнеше преговори со ЕУ

188

Ако зависеше од Унгарија, Македонија многу брзо ќе станеше членка на Европската унија, изјави министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто. Според него, ЕУ не може да биде комплетна без државите од Западен Балкан.

– Не би сакал да го споредувам унгарскиот став со било чиј друг став. Ставот на унгарската Влада е дека со Република Северна Македонија веднаш, значи денес, најдоцна утре, мора да започнат преговорите за зачленувањето –  истакна Сијарто.

 

Поврзани содржини