ШУКРИ АСАНИ, ФАТЕН ВО ТРАНСПОРТ НА КОКАИН, ИМАЛ ОРУЖЈЕ СО ДОЗВОЛА ОД МВР!? Опозицијата прашува дали началникот Музафер Каришиќ му ја издал

Дали Спасовски и Тасевски свесно дозволуваат криминогени лица да шетаат слободно вооружени и дали со таквите лица имаат тајни договори и бизниси – прашува ВМРО-ДПМНЕ.

555

Дали полицискиот началник Музафер Каришиќ, човек од доверба на министерот Оливер Спасовски и на директорот на БЈБ Сашо Тасевски, како член на комисијата за издавање на одобрение за оружје му дал дозвола за поседување на оружје на Шукри Асани, кој е осомничен за транспорт на кокаин – праша денеска со соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

„Како може криминалец од листата за безбедносен ризик да поседува дозвола за оружје? Ова е исто како на пироман да му дадеш канта со бензин и запалка и да го пуштиш сред шума.






Полицискиот началник Каришиќ е директно одговорен и поставен од страна на Спасовски и Тасевски. Неговите постапки не е можно да не биле дозволени од страна на овие двајца. Дали Спасовски и Тасевски свесно дозволуваат криминогени лица да шетаат слободно вооружени и дали со таквите лица имаат тајни договори и бизниси?

Јавноста мора да ги знае овие одговори, бидејќи безбедноста на граѓаните е загрозена. Секојдневие станаа убиства, ликвидации, киднапирања, бегства од затвор… Криминалот царува, а мафијашите, наместо да одговараат пред законот, се договараат со власта“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини