ШТО ЗБОРУВАЛЕ КИМ ЈОНГ УН И ШОЈГУ? Северна Кореја стои зад Русија по секоја цена

Јужнокорејскиот лидер Ким Џонг Ун потврди дека владата на Демократска Народна Република Кореја и во иднина безусловно ќе го поддржува ставот на Русија и нејзината надворешна политика.

148

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, во средата се сретна со секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, на кого му вети безусловна поддршка за рускиот став кон Украина и за други меѓународни прашања, јави денеска КЦНА.

„Ким Џонг Ун потврди дека владата на Демократска Народна Република Кореја и во иднина безусловно ќе го поддржува ставот на Русија и нејзината надворешна политика“, се наведува во извештајот.






Ким, наводно, рекол дека Северна Кореја одговорно ќе ги почитува одредбите од договорот меѓу двете земји. Двајцата функционери разговарале и за зајакнување на сеопфатното стратешко партнерство и за меѓусебната соработка во различни области.

Договорот беше потпишан за време на минатогодишната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Пјонгјанг и неговата средба со севернокорејскиот лидер Ким, а вклучува и пакт за меѓусебна одбрана кој предвидува итна воена помош доколку која било страна биде изложена на вооружена агресија.

Поврзани содржини