📽 ШТО СОКРИ МАКРОН ВО ЏЕБОТ? Захарова обвини дека е кокаин, фактчекерите имаат друго објаснување

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, рече дека судбината на Европа е одредена „во секоја смисла, од привремени владетели кои се зависници“.

707

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, објави на Телеграм видео од францускиот претседател, Емануел Макрон, британскиот премиер, Кир Стармер, и германскиот канцелар, Фридрих Мерц, во воз на пат кон Киев.

Во тоа видео, Макрон крие непознат предмет од камерите.






Захарова напиша под објавата дека судбината на Европа е одредена „во секоја смисла, од привремени владетели кои се зависници“.

„Откако го убедија Зеленски во уште една пеколна интрига со цел да се спречи решавањето на конфликтот и да се продолжи крвопролевањето во Европа, како на шега – еден Французин, еден Англичанец и еден Германец се качија на возот и… се оддалечија. Очигледно толку многу што заборавија да ги тргнат реквизитите пред да пристигнат новинарите“, напиша Захарова.

Истото тврдење го споделија бројни профили на платформата Икс, а станува збор за видео од АФП, на кое се гледа како Макрон зема бел предмет од масата и го крие под рака, а потоа го става в џеб.

Француските медиуми веднаш го анализираа видеото на АФП и заклучија дека тврдењата не се ни блиску до вистината.

„Либерејшн“ пронајде дополнителни фотографии и снимки со поголема резолуција, кои јасно покажуваат дека на масата всушност имало марамче, кое Макрон очигледно не сакал да биде снимено на фотографиите од важниот состанок.

Поврзани содржини