Дали Велешкото езеро е пред еколошка катастрофа и дали му се заканува негово уништување, прашува Левица, чии советници денеска го посетија Езерото Младост, кое повеќе од две недели е прекриено со непозната материја чиј состав сè уште не е утврден.
„Бараме од надлежните институции, Центарот за јавно здравје, Републичкиот инспекторат за животна средина, Општина Велес, Институтот за јавно здравје, да ја информираат јавноста која е причината за ваквата состојба на Езерото Младост; да потврдат дали водата на Езерото е безбедна за негово користење, како и да преземат мерки со кои би се подобриле квалитетот и изгледот на водата во Езерото!“, велат од Левица.