🎥 „ШТО ПРАВЕШЕ ПА ТИ ЦЕЛ ДЕН ДОМА?!“ Шарлиз Терон раскажа анегдота поврзана со нејзината ќерка-тинејџерка

За време на нејзиното гостување во шоуто на Џими Фалон, Шарлиз Терон сподели анегдота за тоа како нејзината 14-годишна ќерка ја перцепира неа и нејзината работа и тоа дефинитивно нема врска со нејзиниот статус на ѕвезда

1

Тинејџерство – фаза во која сè е „глупаво“, родителите се „напорни“, а погледот што зборува погласно од зборовите честопати прави да изгледа како светот да е најлошото место на планетата. Превртување на очите, кратки одговори и таа неизбежна реченица: „Ништо не разбираш“.

И додека многумина мислат дека ова е „резервирано“ за обични смртници, вистината е всушност многу позабавна, дури и најголемите светски ѕвезди не се поштедени од тинејџерските испади. Бидејќи без оглед на славата, црвените теписи и Оскарите, дома важат сосема различни правила. А колку брутално може да биде, откри и Шарлиз Терон за време на нејзиното гостување во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ со Џими Фалон.

Холивудската ѕвезда сподели урнебесна, но и брутално искрена анегдота од нејзиниот приватен живот – онаа за нејзината 14-годишна ќерка. И ако мислевте дека животот на добитничката на Оскар е полн со почит и восхит дома… размислете повторно.

– Мојата 14-годишна ќерка се врати дома од училиште пред некој ден и имаше таков израз на лицето како постојано нешто да ѝ смрди, започна Терон со смеа, опишувајќи типична тинејџерска фаза. – Знаете, она – „сè ѝ оди на нерви“.

Не, вистинското „изненадување“ допрва доаѓа.

Нејзината ќерка ја прашала, „мртва – ладна“: „Што правеше ти цел ден?“

– Ѝ реков: „Работев“, раскажува Терон, на што ќерка ѝ, како што самата вели, одговорило: „Која е твојата работа воопшто?“. Шарлиз ѝ рекла: „Снимам филмови“, а таа, раскажува Шарлиз: „Но, беше дома цел ден?“

Актерката се обидела да ѝ објасни дека работата не е само снимање пред камерите:

– Бев на телефон, имав состаноци преку Зум, одам во продукциската канцеларија… – набројала таа, но, без успех.

– Потоа ми вели, продолжи познатата актерка, „Јас цел ден бев на училиште“, на што публиката гласно се насмеа, а Терон додаде: – Демек, „направив нешто конкретно“. Во тој момент, Фалон исто така се вмеша со насмевка:

– Значи, тие сè уште не разбираат?

– Тие немаат поим, признала Терон, и објаснила: Мислат дека лежам во кревет цел ден. И покрај тоа што еедна од најпознатите актерки во светот и добитничка на Оскар, дома – нема попуст.

– Таа 14-годишна девојка буквално „ме растура“, а потоа доаѓам тука и сите сте толку фини, се пошегува таа.

Фалон веднаш се обиде да ја „спаси“:

– Луѓето освојуваат Оскари, не ги делат само така!

Но, се чини дека тинејџерската логика не препознава награди, слава или Холивуд.

Поврзани содржини