📽️ ДИ ВЕНС ГО ИЗНЕСОА ПРЕД ТРАМП, ТАКОВ Е ПРОТОКОЛОТ? Евакуацијата е прашање на секунди, не на приоритет
Протоколот во САД налага раздвојување на претседателот и потпретседателот за да не бидат цел на ист напад. Редоследот на евакуација е прашање на позиција и секунди, не на приоритет.
Редоследот на евакуација на потпретседателот на САД Џеј Ди Венс и претседателот на САД Доналд Трамп по пукањето во Вашингтон предизвика дебата, но експертите велат дека станува збор за строго утврден протокол, објавува Њузвик.
Снимките покажуваат хаотични сцени. Гостите се кријат под маси. Агентите реагираат за неколку секунди.
Лидери се раздвојуваат за да се намали ризикот
Протоколот според американските закони бара претседателот и потпретседателот веднаш да се одвојат. Целта е да не бидат елиминирани во ист напад.
– Протоколот е јасен: одделете ги за да нема една точка на удар – се наведува во објаснувањата.
Агентите прво го извлекле Ди Венс. Тој бил во позиција за побрза евакуација. Трамп во тој момент бил физички заштитен.
BREAKING !!!!!! 🚨 ‼️ WTF !!!!!!!! SECRET SERVICE AGENTS RUSH JD VANCE OUT OF HARMS WAY BEFORE TRUMP !!!!!!!! WTF !!!!!!!!!! pic.twitter.com/QjwCjxIglp
— Christopher Greene 😎🏝🚀⛵️ (@amtvmedia) April 26, 2026
Заштити, процени, воспостави контрола
Еден агент застанал пред претседателот. Го покрил со своето тело. Тоа е првиот чекор во вакви ситуации. Потоа следи проценка на заканата. Се обезбедува излез и дури тогаш се врши извлекување на луѓето.
– Прво заштити, процени, воспостави контрола и потоа извлечи – објаснил безбедносниот аналитичар Марк Херера.
Трамп бил евакуиран за дваестина секунди по Ди Венс.
Метод, координација и пропусти
Тајната служба на САДделува координиран и секое движење е однапред разработено.
– Постои методичен процес за безбеден трансфер на заштитени лица – изјави Ентони Гуглиелми.
Редоследот не значи приоритет. Тој зависи од моменталната позиција и безбедноста на теренот.
Инцидентот отвори дилеми за безбедноста на американскиот претседател. Осомничениот 31-годишник успеал да се доближи до високи функционери.
Експертите велат дека ваквите пропусти ретко имаат една причина. Станува збор за комбинација од фактори.
– Тоа обично е спој на пропусти и доцно препознавање на ризик – вели Херера.