ЈАПОНСКОТО ТЛО НЕ ПРЕСТАНУВА ДА СЕ ТРЕСЕ Регистриран нов земјотрес од 6,2 степени
Јапонските власти предупредија за зголемен ризик од „голем земјотрес кој ќе предизвика уште посилно тресење“, а со тоа и поголеми бранови. Ризикот од земјотрес со јачина од 8,0 степени е „релативно поголем од вообичаеното“.
Нов земјотрес беше регистриран во Јапонија, овој пат со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала на островот Хокаидо, објави Германскиот истражувачки центар за геонауки, пренесе Би-би-си.
Епицентарот е регистриран на длабочина од околу 80 километри, а во првите часови по потресот не се пријавени жртви или материјална штета.
Хокаидо е најсеверниот остров во Јапонија и втор по големина. Не е издадено предупредување за цунами, а епицентарот се случил во регион кој не е пренаселен, 200 километри источно од Сапоро. Беше нагласено дека во областите каде што се случиле посилни тресења на земјиштето, ризикот од одрони на карпи и лизгање на земјиштето е зголемен.
Јапонија деновиве е актуелна со потресите. Претходната недела североисточниот брег го погоди земјотрес со јачина од 7,7 степени, поради што беше издадена наредба за евакуација и предупредувања за цунами бранови, кои достигнаа висина од 80 сантиметри.