ШТО МУ ВЕТИ ЗАЕВ НА БОРИСОВ, А НЕ ИСПОЛНИ Сашо Клекоски анализира како Бугарите од наш сосед број 2 преку ноќ станаа земја во која изгубивме доверба

„Има две верзии за контекстот во Бугарија за ветото, ниту една не е поради национални интереси, како што се прикажува, туку поради лични и теснопартиски интереси на Бојко Борисов и на ГЕРБ“, тврди Клекоски.

1,112

„На еден месец пред склучувањето на договорот (за добрососедство), во јули 2017 година, Македонскиот центар за меѓународна соработка, во соработка со М-проспект, објави истражување на јавното мислење ‘Добрососедството и односите со Бугарија’. Слично истражување е спроведено и четири години претходно, во 2013 година. Со двете сум одлично запознаен како автор на истражувачките извештаи“, пишува Сашо Клекоски во колумна во „Нова Македонија’.

Што можеше да се дознае од тоа истражување од 2017 година?






„Граѓаните на Македонија, според пријателското однесување, го рангираат секој од соседите од пријателски кон непријателски по следниот редослед: Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Грција. Најголемо подобрување на перцепциите има Бугарија! Најмногу граѓани (59,6 отсто) сакаат еднакво добри односи со сите соседи, а потоа најблиски односи посакуваат со Србија и со Бугарија, а најмалку со Косово (2,5 отсто)“, пишува Клекоски.

Додека во 2013 година најголема пречка за поинтензивна соработка било историското непријателство, во 2017 година тоа биле националните политичари, поради нивните теснопартиски интереси, се вели во истражувањата што ги анализира Клекоски.

„Накратко, од 2013 до 2017 година, Бугарија станува најсосед број 2, по Србија, пред Албанија, а подобрувањето на односите е важно за големо мнозинство граѓани, со очекување за подобрување на инфраструктурата и на соработка во културата. Тоа беа очекувањата во 2017 година, а што добивме? Националните политичари во Бугарија, пред сѐ Бојко Борисов и ГЕРБ, наместо за лидерство за подобри односи, се одлучија за вето!

Има две верзии за контекстот во Бугарија за ветото, ниту една не е поради национални интереси, како што се прикажува, туку поради лични и теснопартиски интереси на Бојко Борисов и на ГЕРБ! Во првата верзија се деловни интереси. Кога бугарската позиција ‘сакаме да го добиеме тоа што го доби Грција’ се интерпретира во историско и географско разграничување, се исклучува и што доби Грција во деловните односи. А ги доби Стопанска банка, најголемата банка во земјата, Окта, единствената нафтена рафинерија, акции во Телеком и многу други бизниси. Во политичката чаршија се шпекулираше дека бугарската листа на придобивки не ја сочинуваат заеднички прослави, туку листа на фирми за преземање, од Комерцијална банка, втората најголема банка, акции во Телеком, една национална телевизија до повеќе рудници. Наводно, оваа листа му била ветена на Бојко Борисов од Зоран Заев, а не е испорачана“, пишува Клекоски.

 

Поврзани содржини