ШТО МУ КАЖА БАЈДЕН НА ЕРДОГАН? Туркије веќе не се противи на влез на Шведска и на Финска во НАТО
Официјалниот претставник рече дека Бајден претходно во вторникот разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за НАТО на барање на двете земји.
Американскиот претседател Џо Бајден го поддржа договорот што ќе им овозможи на Шведска и Финска да се приклучат на НАТО и помогна да се постигне договор зад кулисите на преговорите на нордиските земји со Туркије, изјави висок американски претставник.
Туркије престана да се противи на влезот на Финска и Шведска во НАТО пред годишниот самит на Алијансата во Мадрид.
Официјалниот претставник рече дека Бајден претходно во вторникот разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за НАТО на барање на двете земји.