Што ја одложи седницата на Собранието?

2,402

Продолжението на конститутивната седница на Собранието на која, како што беше претходно најавено се очекува да биде избран собранискиот претседател сѐ уште не е закажана, а како што дознаваме од пратеници со кои контактираше Плусинфо, неизвесно е дали таа ќе се одржи денеска поради партиски консултации, а други, пак велат, поради внатрепартиски превирања во ДУИ, без да наведуваат детали за што станува збор.

Пратеници со кои разговаравме велат дека сѐ уште чекаат Талат Џафери да ја закаже седницата, но до овој момент нема навестување дека тоа ќе се случи денеска.






Според вчерашните најави, продолжението на конститутивната седница требаше да почне напладне, а по седницата, мандатарот Зоран Заев на Џафери ќе му ја достави програмата за работата на владата за идниот четиригодишен мандат, како и кадровските решенија за првиот владин ешалон.

 

Поврзани содржини