Шпанија во погоните на Нисан ќе произведува батерии за електрични возила

Проектот „Батери хуб“ (Battery Hub) бара 6,8 милијарди од европскиот пакет помош за обнова на економијата во висина од 140 милијарди евра.

273

Шпанија размислува фабриката на јапонскиот производител на автомобили Нисан, што требаше да биде затворена во декември, да ја пренамени за производство на батерии за електрични автомобили.

Нисан има три погони во околината на Барселона, во кои се вработени околу 3.000 луѓе, кои требаа да бидат затворени во декември, но тоа беше одложено за една година со цел властите да имаат повеќе време да пронајдат купец. Фабриката на Нисан е изградена на земјиште во државна сопственост.






Каталонската Влада го поддржува проектот за изградба на погон за производство и рециклирање на батерии.

Проектот „Батери хуб“ (Battery Hub) бара 6,8 милијарди од европскиот пакет помош за обнова на економијата во висина од 140 милијарди евра.

Европска Унија се залага за домашно производство на батерии со цел производителите на автомобили помалку да се потпираат на увозот од Кина, да се зголеми производството на електрични возила за да се задоволат строгите европски прописи за емисии на штетните гасови.

Поврзани содржини