ШОК УШТЕ ВО ВТОРОТО КОЛО ВО МАЈАМИ Шпанецот Алкараз многу рано ги спакува куферите
Психички сум уништен, искрено! Ова беше турнир на кој сакав да се претставам добро и кога ќе загубиш во првото коло, боли многу, додаде Шпанецот.
Шпанецот Карлос Алкараз сензационално испадна во првото коло на Мастерсот во Мајами. Тој загуби од ветеранот Давид Гофен со 7:5, 4:6, 3:6, а по мечот призна дека ова му било еден од најслабите настапи во последно време.
– Тоа беше многу лоша изведба од моја страна, морам да признаам. Тој беше подобар од мене. По првиот сет тој почна да игра подобро, а моето ниво паѓаше. Не играв добро, а не се чувствував добро ниту физички. Во вакви натпревари, кога не се чувствувате сигурни во своите вештини или ментално, сè станува многу потешко. Мислам дека тоа беше видливо во вториот и третиот сет, кога не можев да играм подобар тенис – коментираше Алкараз по мечот.
Изјави дека во следните денови ќе има време да анализира што се случило.
– Добро го знам овој дел од сезоната. Играв одличен тенис на овие турнири, но по ова што се случи денеска, не знам што да кажам. Психички сум уништен, искрено! Ова беше турнир на кој сакав да се претставам добро и кога ќе загубиш во првото коло, боли многу, додаде Шпанецот.