ШИЛЕГОВ ГО ПРИЗНА ПОРАЗОТ Честитки до Арсовска за изборот

Ние ќе бидеме тука со сите прогресивни сили да ја продолжиме борбата за Скопје – рече Шилегов.

1,023

Да ви честитам на вашиот избор, да и честитам на госпоѓата Арсовска за изборот, благодарност до сите граѓани, до сите атктивисти кои во камапањата ни дадоа поддршка, рече кандидатот Петре Шилегов.

– Благодарам од моето семејство, на прекрасната екипа со која изминавме четири години во Скопје и каде изградивме неизбришливи трагови, нашите булевари, мостови, кејови и зелени кровови кои никој не може да ги избрише. Драго ми е што Скопје го оставиме во позиција неговиот развој мора да помине. Ние ќе бидеме тука со сите прогресивни сили да ја продолжиме борбата за Скопје – рече Шилегов на прес-конференцијата во штабот на СДСМ.

Поврзани содржини