ШИЕЛА ГАЌИ, ДОБИЛА ЛИЦЕНЦА ЗА ГРАДЕЖЕН НАДЗОР, А СЛЕДНИОТ ДЕН И ГРАНТ ОД 65.000 ЕВРА!? Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ открива нови мистерии за фирмата „Електра Солушн“

Еден ден откако фирмата добива лиценца за надзор, таа добива и грант од Фондот за иновации од 65.000 евра за проект „Дигитално решение за управување со градежни проекти – рече пратеникот Бојан Стојаноски.

827

Фирмата „Електра солушн“, која доби најголем дел од тендерот за надзор над гарадежните работи на „Бехтел и Енка“, иако донеодамна произведувала долна облека, само еден ден откако ја добила лиценцата за надзор добила грант од Фондот за иновации од 65.000 евра за проект „Дигитално решение за управување со градежни проекти”, тврди пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ
Бојан Стојаноски.

– Фамозната „Електра Солушн”, која според власта првин беше локален партнер, а потоа стана главен столб на проект, со 8,3 милиони за неа од вкупно 22 милионскиот тендер. „Електра Солушн” не само што нема искуство, бидејќи е фирма за производство на долна облека, која во последен момент се префрла во градежништво, туку и барањето за лиценца за надзор го поднесула 12 дена по распишување на повикот за доставување на понудите, а лиценцата ја добива 5 дена потоа.






Брзината со која „Електра Солушн” се вклопува во новиот бизнис и станува миленик на власта не застанува тука. Имено, еден ден откако истата добива лиценца за надзор, таа добива и грант од Фондот за иновации од 65.000 евра за проект „Дигитално решение за управување со градежни проекти”.

„Електра Солушн” од фирма која нема никакво искуство од надзор, станува преку ноќ експерт и од фирма за производство на долна облека наплатува 65.000 евра за наводна иновација на програма, која очигледно ќе ја користат при надзорот.

Ковачевски и Груби не само што проектот за надзор го дале на фирма која нема никакво искуство при надзор, не само што истата преку ноќ вади лиценца, туку и со буџетски пари наплаќа алатка за надзор. Јавното обвинителство не смее да остане пасивно – рече пратеникот Бојан Стојаноски.

Поврзани содржини