Шерон Стоун со шокантна исповед: Дедо ми сексуално нѐ злоставуваше мене и сестра ми

1,087

„Мојот дедо сексуално нѐ злоставуваше мене и сестра ми кога бевме девојчиња“, тврди Шерон Стоун во книгата мемоари „Убавината на живеењето два пати“ (The Beauty Of Living Twice).

Шеесет и три годишната актерка, која се стекна со светска слава со филмовите „Основен инстинкт“ и „Казино“, вели дека нејзината сестра Кели и таа донеле заедничка одлука да ја споделат оваа траума со светот, и покрај првичното противење на нивната мајка Дороти Мари. .
– Кели и јас разговаравме со мајка ми за тоа, и таа, по разговорот, ми напиша писмо во кое наведе дека овие информации ја збунуваат. Таа беше згрозена од откритието, но откако разговараше со сестра ми, почна да прифаќа дека тоа навистина се случило – изјавила Стоун за „Њјорк тајмс“.






– Мајка ми се согласи отворено да разговара со мене за сè, кога ѝ прочитав делови од моите мемоари. Беше кај мене неколку дена во времето кога закрепнував од грипот, легна покрај мене во креветот, додека ја завршував книгата. По отворениот разговор кој траеше час и половина, прекроив некои делови од книгата, која потоа ѝ ја посветив на мајка ми – вели актерката чијашто книга се очекува на киосците на 30 март.

Шерон Стоун тврди дека пишувањето на делото „Убавината на животот два пати“ било ослободувачко искуство за неа, а на пишувањето ја поттикнало мозочниот удар кој за малку ќе ја убиеше во 2001 година.

Актерката и мајка на три деца, наскоро ќе гостува кај Опра Винфри во ток-шоуто „Супер душа“. Двете ќе разговараат за тоа како се чувствуваат жените по четириесеттата година, односно во време кога моќните мажи отворено им кажуваат дека повеќе не вредат. Стоун, се разбира, не се согласува со тоа:

– Како што старееме, страшно е да се чувствува притисокот од оние кои ни велат дека нашата вредност се намалува со возраста. Тоа едноставно не е така. Мислам дека со годините и искуството, нашата вредност во општеството треба да се зголемува – смета актерката.

 

Поврзани содржини