Шекеринска за противкандидатот Дурловски: Некои лекции од минатото не се научени

570

Кампањата зависи од учесниците и никој не може да зборува за другите. Нашиот став, нашите политики и навики во целиот изминат период биле да покажеме дек нашата држава може да организира фер и демократски избори и тоа веќе го направивме и на претседателските и на локалните избори, ја извадивме државата од групата на земји во кои сите избори беа доживувани како фарса. И тоа првата наша обврска и втората обврска како учесници во кампањата е да го почитуваме тоа што сме го потпишале и тоа ќе го правиме.

Ова го истакна заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во „Само вистина“ на ТВ Канал 5 дали кампањата ќе биде валкана и покрај потпишаниот Кодекс за фер кампања.






Во оваа кампања, рече Шекеринска, како што ги слушате и настапите на нашите претставници, фокусот е што сме имале како проблем, што сме решиле од тие проблеми и што планираме да решиме во следните четири години.

– Имаме резултатие со кои можеме да се пофалиме, но и доблести во кои повеќе треба да сработиме. Целта ќе ни биде што е можно подиректно, со целосно почитување на мерките за заштита да допреме до што е можно поголем круг луѓе, но нема да играме со здравјето на граѓаните. Ќе водиме сметка за големината на собирањата, средбите да бидат многу мали и сите мерки за безбедност да бидат превземени. Тоа ќе го почитуваме, оти ова не се нормални избори, ова ќе бидат избори во сенка на пандемијата што го зафати цел свет – рече Шекеринска.

Во однос на нејзиниот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски во Изборната едниница 5, Шекеринска смета дека тоа е одлука на ВМРО-ДПМНЕ што зборува дека некои лекции од минатото не се научени во врска со, како што рече, насилството од 27 април, со лагите и дезинформациите и злобата што се фрли кај народот.

– Но, тоа е одлука во која јас не можам да се мешам – рече Шекеринска.

На прашањето кога ќе почнат преговорите со ЕУ, односно кога ќе биде првата меѓувладина конференција Шекеринска најави дека ова ќе биде двојна историска година – и членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, потсетувајќи дека на 27, односно 30 март Унијата донесе одлука за почеток на преговорите со нашата земја.

Поврзани содржини