СЕВЕРНА КОРЕЈА УТРОВО ПАК ЛАНСИРАШЕ РАКЕТА Ким не сопира со провокациите кон САД
Некои западни портали напишаа дека претседателот на земјата, Ким Јонг-Ун нема да се откаже од провокациите и развојот на оружје додека не дојде до такво оружје што може да се користи за масовно уништување, пренесува Република.
Северна Кореја утринава истрела балистичка ракета во јапонското море и по втор пат ги испровоцира САД и сојузниците, потврдија извори од јужнокорејската армија и Јапонија. Провокацијата се случува време кога Советот за безбедност на Обединетите нации разговара за првото истрелување на хиперсонична ракета, кое се случи на 5 јануари, за кое официјално извести севернокорејската државна новинска агенција, пишува Н1.
„Се чини дека проектилот паднал надвор од јапонската ексклузивна економска зона“, објави новинската агенција Кјодо, цитирајќи владини извори во Токио, истакнувајќи дека тестот го извршила „нуклеарно вооружената Северна Кореја“.
Некои западни портали напишаа дека претседателот на земјата, Ким Јонг-Ун нема да се откаже од провокациите и развојот на оружје додека не дојде до такво оружје што може да се користи за масовно уништување, пренесува Република. Меѓу другото, ова второ лансирање на проектил за помалку од една недела дојде откако Ким најави натамошен воен напредок на земјата.
Други медиуми тврдат дека со овие провокации, САД и Северна Кореја се враќаат на „старите односи“.