Северна Кореја лансирала две ракети

Агенцијата наведува дека Пјонгјанг ракетите ги истрелал од една своја западна провинција.

387

Северна Кореја лансирала две ракети со краток досег во Источното море, пренесе синоќа јужнокорејската агенција Јонхап.

Агенцијата наведува дека Пјонгјанг ракетите ги истрелал од една своја западна провинција.






Претходно британските медиуми, повикувајќи се на извори од Генералштабот на армијата на Јужна Кореја,  јавија дека Северна Кореја истрелала неидентификувани објекти во морето кај својот источен брег од Корејскиот полуостров.

Јапонската крајбрежна стража соопшти дека Северна Кореја се чини лансирала ракети шти слетале надвор од територијата што ѝ припаѓа на ексклузивната економска зона на Јапонија.

Поврзани содржини