Освен што ја сакаат нејзината музика и харизма, многумина ја обожаваат хрватската поп-sвезда Северина и заради нејзините хит изјави и „бисери“ на социјалните мрежи, со кои често (ако не зборува за сериозни теми) ги насмевнува своите следбеници.
Еден таков „бисер“ е и најновата фотографија со која Северина порачува „Не влегувај ако не си побогат од газдата“ – што и да значи тоа.
Пејачката позирала во чамец над кој стоеел овој натпис. Северина во описот на фотографијата напишала „Далматински бисери“, а фотографијата за кратко време собра повеќе од 20.000 лајкови.
Некои обожаватели на шега коментираат дека фотографијата наскоро ќе стане вирална и дека ќе стане дел од серијата такви фотографии – како онаа кога Северина шеташе покрај монахињите.
ФОТО: Инстаграм