СЕПТЕМВРИ Е МЕСЕЦ НА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ КАЈ ДЕЦАТА Овие симптоми родителите не треба да ги игнорираат

Ракот кај најмладите често започнува со знаци што личат на обична инфекција, но навременото препознавање и лекување може да биде пресудно

0

Септември е месец посветен на подигнување на свеста за ракот кај децата, болест која иако е релативно ретка, останува една од водечките причини за смрт од болести кај децата и адолесцентите. Светската здравствена организација проценува дека секоја година во светот заболуваат околу 400.000 деца и адолесценти на возраст од 0 до 19 години. Најчести се леукемиите, туморите на мозокот и други тумори, додека кај адолесцентите почесто се јавуваат лимфоми, тумори на коските и рак на тироидната жлезда.

Во Македонија нема јавно објавена свежа официјална статистика за 2025 или 2026 година која би дала целосна слика за бројот и структурата на новите случаи кај децата. Последниот јавно достапен домашен податок, објавен во февруари 2025 година, наведува дека бројот на деца со дијагностициран рак во земјава се движи меѓу 30 и 60 случаи годишно. Бидејќи станува збор за податок пренесен во медиуми, а не за нов официјален статистички извештај, треба да се земе како ориентациски, а не како актуелна годишна статистика.






Она што особено ги загрижува лекарите е фактот дека детскиот рак во почетокот може да има многу неспецифични симптомии и можат да наликуваат на симптоми на други, почести болести.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини