Село гори, Американците се шишаат!
Луѓето почнаа масовно да купуваат боја за коса, тримери и слични работи - изјави Даг Мекмилон, генерален директор на најголемиот американски ланец на супермаркети „Волмарт“.
Американците веќе не ги празнат рафтовите со толетна хартија во маркетите, но овојпат тие „удрија“ на масовно купување боја за коса и опрема за шишање. Како што објави „Business Insider“, по стамбедата во продавниците кога Американците буквално се тепаа за да купат тоалетна хартија, сега, истото се случува, ама главниот производ е поврзан со разубавувањето.
– Луѓето почнаа масовно да купуваат боја за коса, тримери и слични работи – изјави Даг Мекмилон, генерален директор на најголемиот американски ланец на супермаркети „Волмарт“.
Како што вели тој, масовното купување следувало откако американските власти наредиле затворање на продавниците кои се неопходни во рамките на мерките за борбата против коронавирусот, а меѓу нив и фризерските студија.