Пејачката и актерка Селена Гомез објави фотографија на Инстаграм, на која позира во син костим за капење. Но, поентата на фотографијата е тоа што пејачката стави акцент на лузната од операцијата што ѝ го спаси животот. Селена со тоа испрати силна порака.
„Кога ми направија трансплантација на бубрег, се сеќавам дека на почетокот ми беше многу тешко да ја покажам лузната… Не сакав таа да се гледа на фотографии, па затоа носев работи што ќе ја покријат. Сега, повеќе од кога било, се чувствувам сигурна во тоа која сум јас и низ што поминав… И, горда сум на тоа“, напиша Селена меѓу другото.
Нејзината поента, односно главната порака е дека секое тело е убаво.
Обожаватели ѝ пружија безрезервна поддршка.
Селена со години се бори со автоимуната болест – лупус.
Пред речиси четири години, во 2017 година, нејзината пријателка, глумицата Франсија Раиса ѝ подари бубрег. Селена ѝ се заблагодари на Франсија, објавувајќи фотографија од нив во болницата.
ФОТО: Инстаграм