СЕЛА И АХМЕТИ ЗЛОУПОТРЕБУВАА ЧОВЕЧКИ СУДБИНИ ЗА ПАРТИСКИ ЦЕЛИ Ниеден Албанец нема да биде дискриминиран за вработување на неопределено време, соопшти Вреди

Владата на седница донесе одлука за преиспитување на сите предизборни огласи за вработување и многу бргу ќе донесе нова одлука со која ќе се отвори процес на кадровско екипирање на јавното здравство. Ние сме гаранција дека ниеден Албанец, што ги исполнува условите за решение на неопределено време, нема да биде дискриминиран заради идеолошки и политички причини, соопшти коалицијата Вреди.

7,379

Коалицијата Вреди возврати на обвинувањата на Алијанса за Албанците дека министерот за здравство Арбен Таравари ги оставил здравствените работници без решенија и поради него денеска Албанците се бркаат од работа.

„За да критикуваш за вработување на Албанците во државни институции треба да имаш образ. Кога некој имал 22 години мегдан да вработи Албанци во јавното здравство и кога тоа свесно и со умисла не го сторил за да манипулира предизборно со нивните и со гласовите на нивните блиски, е тоа е тешка злоупотреба на човечки судбини за партиски цели.






Како што претходно објавивме, Министерот за здравство ја утврдува фактичката состојба на сите клиники во врска со бројот на лица без решен работен статус, оставени во наследство од претходната Влада. Врз основа на анализите за типот на кадар кој бил ангажиран со години, со договор на дело, ќе има трајно решение. Денешните обвинувања се уште еден обид да се искористат кукавичките јајца оставени од Европскиот фронт за креирање меѓуетнички тензии, за остварување на целта Албанците да се направат штит за криминалите на поранешните финкционери на Села и на Ахмети.

Владата на седница донесе одлука за преиспитување на сите предизборни огласи за вработување и многу бргу ќе донесе нова одлука со која ќе се отвори процес на кадровско екипирање на јавното здравство. Ние сме гаранција дека ниеден Албанец, што ги исполнува условите за решение на неопределено време, нема да биде дискриминиран заради идеолошки и политички причини“, соопшти коалицијата Вреди.

Ова следува откако Алијанса за Албанците соопшти дека „нелегитимниот министер за здравство Арбен Таравари е главниот виновник што стотици Албанци, во различни клиники и болници низ земјава, денеска остануваат на улица и им се раскинуваат договорите“.

Поврзани содржини