СЕКОГАШ КОГА ДУИ РЕАГИРА ГО ШТИТИ СВОЈОТ КРИМИНАЛ, А НЕ АЛБАНЦИТЕ Андоновска не дискриминира, туку го брани Институтот за јавно здравје од грабеж

Реагираат против директорката Марија Андоновска, која спречи и членови на ДУИ и на СДСМ да седат дома, да не одат на работа, а да земаат плата. ДУИ реагира затоа што е ставен крај на криминалот кој се правел во институцијата, со која 15 години раководел кадар на таа партија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

191

Криминалците се криминалци, а ДУИ тоа го покажува секој ден, па и во реакцијата кон директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, која отворено се бори против затекнатиот братски криминал на ДУИ и на СДСМ, одговори владејачката ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на опозициската ДУИ дека Андоновска ги исклучува Албанците од оваа институција.

„Денеска тие реагираат против директорката Марија Андоновска, која спречи и исправи членови на ДУИ и на СДСМ да седат дома, да не одат на работа, а да земаат плата. ДУИ реагира затоа што е ставен крај на криминалот кој се правел во институцијата, со која 15 години раководел кадар на таа партија. Криминалците од ДУИ реагираат што директорката на ИЈЗ Андоновска го зголеми обемот на работа, ги зајакна протоколите и ги затвори одливите на средства, наместо членовите на ДУИ и СДСМ вдомени во таа институција да се однесуваат недомаќински и криминално“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Денес реагираат не поради тоа што им е грижа за состојбата со Албанците, туку затоа што има вонреден инспекциски надзор и затоа што вработената администрација не полагала административен испит, а законски требала, се додава во соопштението.

„Секогаш кога ДУИ реагира, јавноста треба да знае дека штити криминал. И секогаш кога ДУИ реагира, јавноста треба да знае дека оправдувањето со кое го покрива криминалот е нивната наводна загриженост за правата на Албанците. И кога тие зборуваат за дискриминација на Албанците, знаете дека тогаш најмногу крадат. Со други зборови, криминалци се криминалци, лопови прва класа. За потсетување тоа е партијата каде Артан Груби е сè уште член“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ денеска испрати реакција дека Марија Андоновска спроведува јасна дискриминаторска политика, со цел „потчинување и исклучување на Албанците од оваа институција“.

„Вонредниот инспекциски надзор на Државниот управен инспекторат, инициран врз основа на анонимна претставка со тенденциозна и антиалбанска содржина, не претставува ништо друго освен организиран обид за отстранување на албанските вработени и создавање амбиент во кој тие се третираат како граѓани од втор ред. Од првиот ден на нејзиниот мандат, Андоновска јасно ја покажува својата намера да го намали присуството на Албанците во оваа институција, започнувајќи со нивно разрешување од раководни позиции, нивно изолирање во посебни канцеларии и нивно нееднакво третирање во организацијата на работата. Оваа исклучувачка политика е неприфатлива и претставува директен напад врз еднаквоста и општествената кохезија“, соопшти ДУИ.

ДУИ, се додава во соопштението, нема да дозволи ваквиот пристап да помине без реакција и бара од надлежните институции да преземат мерки за „запирање на оваа неправда“.

„Етничката дискриминација нема место во ниту една јавна институција, а правата на секој граѓанин мора да се почитуваат без разлика“, соопшти ДУИ.

Поврзани содржини