СЕКОЈ ШТО РАБОТЕЛ НЕЗАКОНСКИ ЌЕ ОДГОВАРА Став на ВМРО-ДПМНЕ за кривичната пријава против Татјана Димитровска
Ги повикуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот и да покажат дека секој којшто се огрешил пред законот соодветно ќе биде казнет за истото, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Секој инволвиран во одредено противправно дејствие за кое постојат јасни докази и факти, мора да одговара, без разлика на неговата политичка, верска, етничка, а најмалку без разлика на неговата функција која ја извршува, рече денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, прашан за коментар по кривилната пријава против претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска.
– Доколку постојат докази за сторено кривично дело, недозволено е таквото однесување. Од аспект на морал сметаме дека поголемата одговорноста кај лицата кои извршуваат високи јавни функции, отколку кај останатите. Нашата заложба како Влада е јасна, а тоа значи бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата. Правдата и владеењето на правото е важен двигател за развојот и перспективата на државата и затоа секој еден поединец или чинител кој извршува јавна функција мора да е насочен кон исполнување на сопствените индивидуални должности и обврски, односно целосно почитување на законските норми. Ги повикуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот и да покажат дека секој којшто се огрешил пред законот соодветно ќе биде казнет за истото – рече Манасиевски.